фото: Википедија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска повтори дека вратата на НАТО ќе остане отворена за новите членки и покрај барањето на Русија да го забрани членството на Украина во преговорите оваа недела.

– Владимир Путин ќе го избере патот на дипломатијата и дијалогот за да реши некои од овие проблеми или ќе продолжи со конфронтацијата и агресијата – истакна Блинкен во интервју за MSNBC, пренесе Ројтерс.