РАКОМЕТ

Машката кадетска репрезентација на Македонија (ракометари до 18 години), ќе игра во групата А против репрезентациите на Летонија, Турција и на Косово, за пласман на Европското првенство на Европската ракометна федерација (ЕХФ), кое годинава ќе се одигра во Рига (Летонија, од 8 до 14 август).
Во втората група се Русија, Швајцарија, Луксембург и Белгија. Тоа е епилогот по ждрепката во Виена.
Македонските младинци (категорија до 20 години) се во групата А, во која има шест селекции, ќе одиграат пет меча во групната фаза и уште два за пласман на турнирот во Варна, Бугарија (14-23 јули).
Ривали на Македонија во групата се Грција, Израел, Литванија, Луксембург и Велика Британија. Покрај овој турнир, ќе се игра и уште еден.