РАКОМЕТ- МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „МАРКО БОЖИНОВСКИ“

Се одиграа и првите натпревари на првото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ во Скопје, кој се игра во чест на прерано починатиот млад ракометар, а во организација на фондацијата „Марко Божиновски“. Настапуваат осум тима од Македонија, Србија и од Хрватска. Во претпладневниот термин на вториот ден, Бутел загуби од Војводина со 20-30, а Пролет го победи Вардар со 35-30. Вчера попладне играа Нексе – Еурофарм Пелистер и Алкалоид – Голден Арт, а беше закажано и свеченото отворање на турнирот. Во првиот натпреварувачки ден, Вардар беше подобар од Бутел со 37-32, а Голден Арт го победи Еурофарм Пелистер со 29-23.

Денес на турнирот силите ќе ги одмерат Нексе – Голден Арт (9.30 ч.), Алкалоид – Еурофарм Пелистер (11 ч.), Војводина – Вардар (17.30 ч) и Пролет – Бутел (19 ч.).
Турнирот се игра по принципот секој со секого во својата група, со временско темпо на игра од двапати по 30 минути. Првопласираните од двете групи ќе играат меч за првото место, второпласираните за третото итн. Сите дуели ќе бидат пренесувани во живо на јутјуб-каналот. Церемонијата на доделување пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турнирот ќе се одржи утре, од 20.30 часот.