РАКОМЕТ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Ракометарите на полски Киелце и на француски ПСЖ се пласираа во четврт-финалето во Лигата на шампионите (ЛШ), откако ги добија и вторите осминафинални дуели на домашен терен. По нерешените дуели, пак, на првиот натпревар помеѓу унгарските клубови ПИК Сегед и Веспрем, како и хрватски Загреб и француски Монпелје, по возвратните дуели на свој терен, понатаму одат Веспрем и Монпелје, кои убедливо славеа со 39-32, односно 30-24. Во другите мечеви, Киелце го совлада дански ГОГ со 33-28, додека ПСЖ беше подобар од полскиот претставник Висла со 34-33.
Во четврт-финалето, по завршувањето на групната фаза, директно се пласираа германски Кил, кој за пласман на завршниот фајналфор во Келн ќе игра со Веспрем, актуелниот шампион, германски Магдебург, ќе се сретне со Киелце, дански Алборг ќе игра со Монпелје и шпанска Барселона ќе ги одмери силите со ПСЖ, клуб што го предводи Раул Гонзалес, поранешниот тренер на Вардар и селектор на македонската репрезентација. Првите натпревари од четврт-финалето се на 24-25 април, додека реваншите се на 1-2 мај. Г.И.