Фото: Маја Јаневска-Илиева

РАКОМЕТ

Селекторот и капитен на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го соопшти списокот со 24 ракометари за претстојниот подготвителен период за настап на Европското првенство (ЕП), од 13 до 30 јануари в година, во Унгарија и во Словачка. Собирот на репрезентативците е закажан за среда во Скопје, по што репрезентацијата ќе замине за Маврово, каде што ќе биде одработен првиот дел од подготовките.
Пред настапот на ЕП 2022, македонската селекција ќе одигра по две пријателски средби со репрезентациите на Кувајт и на Израел. Со Кувајт мечевите ќе бидат одиграни во Маврово, во рамките на првиот дел од подготвителниот период (на 27 и на 29 декември), а со Израел во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ (на 3 и на 4 јануари 2022), за време на вториот дел од подготовките.
Македонија седми пат ќе игра на континенталното првенство (има и седум настапи на светските шампионати). На Европското првенство в година македонската репрезентација е во групата А, заедно со селекциите на Словенија, Црна Гора и на Данска. Македонија на ЕП 2022 прво ќе игра со Словенија на 13 јануари, два дена подоцна со Црна Гора, а на 17 јануари со Данска. Првите две репрезентации од секоја од шесте групи ќе се пласираат во втората групна фаза.


СОСТАВ

Никола Митревски
Мартин Томовски
Марко Кизиќ
Цветан Кузмановски
Бојан Маџовски
Гоце Ојлески
Гоце Георгиевски
Ненад Костески
Стојанче Стоилов
Жарко Пешевски
Никола Марковски
Филип Талески
Филип Кузмановски
Михајло Младеновиќ
Филип Миркуловски
Марко Мишевски
Игор Ѓорѓиев
Мартин Велковски
Мартин Серафимов
Марко Митев
Горан Крстевски
Костадин Петров
Кристијан Симоновски
Кирил Лазаров


Јакобсен повика 20 играчи

Селекторот на актуелниот светски првак, Данска, Николај Јакобсен, го објави поширокиот список со 20 ракометари, предводени од најдобриот ракометар Микел Хансен, на кои ќе смета за претстојното Европско првенство (ЕП), во јануари в година во Унгарија и во Словачка. Од списокот, тројца играчи настапуваат во данскиот шампионат, а другите се интернационалци. Најмногу има од Германија, 14. Данска до почетокот на ЕП ќе одигра два тест-меча во Златната лига, на 6 јануари дома со Норвешка и на 9 јануари со Египет во Париз. Данска на ЕП е во групата А, со Македонија, Словенија и со Црна Гора.
Состав: голмани: Никлас Ландин (Кил), Кевин Мелер (Фленсбург), Јаник Грин (Магдебург). Крила: Магнус Ландин (Кил), Емил Јакобсен, Ласе Сван (двајцата од Фленсбург), Јохан Хансен (Хановер). Бекови: Микел Хансен (ПСЖ), Џејкоб Холм, Ласе Андерсон (двајцата од Фуксе Берлин), Мадс Менсах, Арон Менсинг (двајцата од Фленсбург), Расмус Лауге-Шмит (Веспрем), Хенрик Молгард (Алборг), Матијас Гидсел (ГОГ), Никлас Киркелоке (Левен). Пикери: Магнус Сауструп (Магдебург), Симон Халд (Фленсбург), Хенрик Тофт Хансен (ПСЖ), Рене Антонсен (Алборг).