Извлечени се групите за традиционалниот ракометен турнир во Струга. Поради пандемијата на коронавирусот, годинава на турнирот ќе играат само екипи од Македонија. Натпреварите на отвореното игралиште „Горан Попоски-Гобец“ ќе се играат без присуство на публика.

Струшкиот ракометен турнир годинава ќе се одржи од 12 до 16 август.

Носители на ждрепката беа Вардар и Еурофарм Пелистер. Вардар за противници во А-групата ги доби Бутел, Охрид и Еурофарм Пелистер 2.

Во Групата Б, покрај Еурофарм Пелистер, ќе се натпреваруваат Металург, Прилеп и Струга.

Организаторите набргу треба да ги објават распоредот и термините за одигрување на натпреварите.