РАКОМЕТ – СО ТРИУМФОТ ВО КУПОТ НА ШПАНИЈА

По завршувањето на перфектната групна фаза во Лигата на шампионите (14 победи во 14 кола), ракометарите на Барселона ја продолжија одличната игра и на домашните натпреварувања, освојувајќи го 163-от трофеј во клупската историја. Избраниците на тренерот Чави Пасквал со доминантна игра во текот на целиот натпревар славеа во финалето на Купот на Шпанија на мечот со Адемар Леон, со 35-27.
Со овој триумф Барселона ја продолжи трофејната низа и стигна до рекордниот 25-ти трофеј во тоа натпреварување, осми во низа.
Ракометарите на Барселона се рекордери речиси во сите шпански натпреварувања, па имаат 27 шампионски титули, 23 трофеи во Суперкупот на Шпанија, 15 во Купот на лигата… Барселона е рекордер и според бројот на титули во Лигата на шампионите, девет, пет пати има триумф на неофицијалното светско клупско првенство Суперглоуб, а со пет трофеи е рекордер и во некогашниот европски Куп на победниците на куповите. 


НЕКОИ ОД ТРОФЕИТЕ НА БАРСЕЛОНА

Титули 27
Куп на Шпанија 25
Суперкуп на Шпанија 23
Лига куп 15
Лига на шампионите 9
Супер глоуб 5
КПК 5

во сите овие категории Барселона е рекордер