Фото: Маја Јаневска-Илиева

Македонската женска ракометна репрезентација ги дозна противниците за Европското првенство кое пред крајот на годината се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Македонија ќе биде дел од групата А каде се уште и селекциите на Унгарија, Шведска и Турција. Натпреварите од нашата група ќе се играат во Фокс Арената во Дебрецин.

Првиот натпревар на ЕП Македонија ќе го игра против Шведска на 28. ноември, два дена подоцна противник ќе и биде Турција, а во последен меч во групната фаза на 2. декември ќе се сретне со домаќинот, Унгарија.

Првите две репрезентации од групата продолжуваат во следната фаза.

Распоред на натпревари за ЕП 2024:
28. ноември – Македонија – Шведска
30. ноември – Македонија – Турција
02. декември – Македонија – Унгарија