Фото: Игор Бансколиев

И годинава во Летната лига учествуваа сите 30 НБА-екипи, сите играа вкупно по пет меча, а по четири средби најдобрите две на табелата се сретнаа во мечот за титулата. Летната лига е официјално натпреварување на НБА надвор од сезоната, кога тимовите испробуваат различни летни состави наместо нивните редовни тимови што играат во редовната сезона

КОШАРКА

Последните шест натпревари од Летната лига на НБА во кошарка, во Лас Вегас, завршија во неделата, а Портланд го освои шампионатот со победата над Њујорк никс со 85-77. Трендон Ватфорд од Портланд едногласно е избран за МВП (најкорисен кошаркар).
Летната лига е официјално натпреварување на НБА надвор од сезоната, кога тимовите испробуваат различни летни состави наместо нивните редовни тимови што играат во редовната сезона.
Портланд беше победник на Летната лига на НБА и во 2018 година, а победници биле и, на пример, Сакраменто (во 2014 и во 2021 година), Мемфис (2019), Лос Анџелес лејкерс (2017), Чикаго (2016), Сан Антонио (2015), Голден стејт (2013) итн. Летната лига не се играше во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот.
И годинава во Летната лига учествуваа сите 30 НБА-екипи, сите играа вкупно по пет меча, а по четири средби најдобрите две на табелата играа за титулата. Портланд на патот до трофејот во првите четири меча ги победи Њу Орлеанс, Њујорк никс и Хјустон, а загуби од Детроит.
Пред почетокот на официјалната Летна лига на НБА се играа и летните лиги на Солт лејк сити седми пат (победи Мемфис, а играа и Солт лејк сити, Оклахома и Филаделфија) итн., Калифорнија класик четврти пат (славеше Сакраменто, а настапија и Голден стејт, Лос Анџелес лејкерс и Мајами).