Кошаркарската репрезентација на Македонија убедливо ја совлада Норвешка со 58-36 во Гевгелија, со што ја забележа третата победа во исто толку натпревари во претквалификациите за Европското првенство во 2025 година.
Норвешка која во пресрет на денешниот дуел имаше две победи, тешко доаѓаше до поени против цврстата одбрана на „црвено-жолтите“.
Браќата Војдан и Дамјан Стојановски со по 14 поени беа најефикасни кај Македонија, додека забележителен настап имаше и натурализираниот Американец Ти Џеј Шортс кој во неговото деби во македонскиот дрес забележа осум поени и исто толку асистенции.
Браќата Стојановски со по 14 поени беа најдобрите во нашиот тим, одличен беше и новиот Американец во нашиот состав, Ти-Џеј Шорц кој имаше осум поени и осум асистенции.
Словачка беше подобра од Данска со 74-70 во вториот меч од истата група, со што го забележа првиот триумф во претквалификациите, додека Данска ги загуби сите одиграни натпревари. Македонија ја пречекува Данска в недела од 19 часот, исто така во Гевгелија.
Првопласираната селекција во секоја од трите претквалификациски групи ќе игра директно во квалификациите, другите репрезентации ќе настапат во нов круг претквалификации, во кој ќе играат 12 селекции, a четири најдобри ќе се пласираат во квалификациите. Во случај на ист број бодови решава меѓусебниот резултат.