Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да ја победи Литванија во денешниот натпревар од третото квалификациско коло за Европското првенство во 2025 година. Натпреварот, кој се одигра во СРЦ „Кале“, заврши 67:82.
Македонскиот селектор Александар Јончевски за овој натпревар не можеше да смета на Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс, Итан Хап и Андреј Јакимовски.
Најефикасен во македонскиот состав беше Кристијан Николов со 18 поени, а потоа Војдан Стојановски со 13 и Бојан Крстевски со 10 поени.
Реваншот е за четири дена во Литванија.