КОШАРКА – КФМ
Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) одржа одвоени состаноци со македонските суперлигаши (вкупно 10), како и со клубовите во Првата лига за жени (вкупно осум), на кои меѓу другото беа одредени и двојките за првото натпреварувачко коло во новата сезона.
Кај суперлигашите во фокусот на разговорите беа теми од значење за непречено организирање и спроведување на натпреварувањето во претстојната сезона. На состанокот беа разгледани системот на натпреварување за сезоната 2026/2027, термините за почеток на сезоната и организацијата на Суперкупот на Македонија.
И на состанокот на клубовите од Првата лига за жени беа разгледани системот на натпреварување за новата сезона 2026/2027, термините за стартот на сезоната и прашања поврзани со организацијата и текот на самото натпреварување.
Во рамките на одвоените состаноци беше реализирана и ждрепката на натпреварувачките броеви, по кои беа формирани двојките за почетното коло од новата сезона во двете конкуренции. Г.И.
ДВОЈКИ 1. КОЛО (3/4.ОКТОМВРИ)
Струмица – Работнички
Пелистер – ТФТ
Скопје – Кожув
МЗТ Скопје – МКК Куманово
Штип – Тиквеш Голден Игл
ДВОЈКИ 1. КОЛО (10/11 ОКТОМВРИ)
Вардар – Крива Паланка
Пробаскет – Бадел 1862
Гевгелија – Патриот
МЗТ Бела Вода – Баскет Кам

































