КОШАРКА – НБА

Фред Ванфлит, бекот на Торонто, со 54 поени за 37 минути на теренот, постави нов рекорд во кошаркарската НБА-лига како недрафтуван играч во победата со 123-108 на гостувањето кај Орландо. Ванфлит приреди шутерско шоу, во кое промаши само три обида од вкупно 14 за тројка, а со 9/9 беше перфектен од линијата за слободни фрлања.
Со тоа тој го собори претходниот клупски рекорд на Торонто од 52 поена на Демар Дерозан. Во таа категорија (поени на играч што не бил избран на т.н. драфт, од 1966 година), Ванфлит го собори и рекордот од 53 поени на Мозес Мелоун од Хјустон во 1982 година, пишува на интернет-страницата на НБА. Ванфлит постигна 17 поени во првата четвртина и 28 поени по првото полувреме. Тимскиот рекорд за три поени на еден натпревар е 12, а поставен e од Даниел Маршал во 2005 година.
Рекорд постави и Бредли Бил во победата на Вашингтон над Мајами на гости, со 103-100. Тој постигна 32 поенa за 38 минути игра, што беше негов 17 натпревар во низа од почетокот на сезоната на кој постигнува 25 или повеќе поени на еден меч. Со тоа тој го собори досегашниот рекорд на Мајкл Џордан стар 32 години.