Бранителот на трофејот во кошаркарскиот Куп на Македонија за мажи, МЗТ Скопје, ќе ги одмери силите со Кожув, Блокотехна ќе игра со Охрид, актуелниот првак Работнички со Куманово, а Гостивар ќе игра против Фени индустри.

Тоа се четвртфиналните двојки за турнирот што од 15 до 17 февруари треба да се игра во Гевгелија. Евентуален дуел на вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички е можен во полуфиналето. Системот за натпреварување во двете конкуренции (машка и женска) е идентичен како и за минатиот Куп, односно кај мажите се одредува со пласманот до осмото место по 11-то коло од Првата лига, а кај жените ќе играат првите четири екипи по 10-то коло.