Кошаркарите на Работнички го совладаа вечниот ривал МЗТ Скопје со 86-77, вечерва во „Градски Парк“, со што поведоа со 1-0 во финалната серија од плејофот.
Центарци го решија дуелот со серија од 18-7 во последните шест минути, кога стекнаа предност од 85-77.
Чавдар Костов забележа 21 поен, а Расел Робинсон постигна 18 коша за Работнички, додека Јуре Лалиќ и Дамјан Стојановски беа најефикасни кај „штрковите“ со по 18 погодоци.
Следниот меч од финалето, кое се игра до три победи, е закажан в среда во „Јане Сандански“.