СП ДО 20 ГОДИНИ
Репрезентациите на Израел и на Италија први се пласираа во полуфиналето на Светското првенство за фудбалери до 20 години што се игра во Аргентина. Во четврт-финалето Израел го совлада Бразил со 3-2 по продолженијата, во меч во кој Бразил водеше со 1-0 и со 2-1. Италија, пак, славеше на дуелот со Колумбија со 3-1. Синоќа се играа уште два меча од четврт-финалето, САД – Уругвај (победникот ќе игра со Израел) и Јужна Кореја – Нигерија (победникот ќе игра со Италија). Ниту еден од кандидатите за титулата досега не бил светски првак на младински мундијал за фудбалери до 20 години.