Германија е нов младински европски првак откако ја победи Франција на пенали (во регуларно време беше 0-0) во финалето на Европското првенство (ЕП) за фудбалери до 17 години, што се играше во Унгарија. Тоа е втора титула за Германија во оваа конкуренција, во која најуспешна е Холандија со четири трофеи, а Франција, која ја освои титулата на ЕП во минатата година и Шпанија имаат по три. Полуфиналистите (Германија, Франција, Полска и Шпанија), како и Англија, се пласираа на Светското првенство годинава, за фудбалери до 17 години.