ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
Симеоне влезе во елитен клуб тренери
Диего Симеоне стана деветтиот тренер што водел екипа на барем 100 натпревари во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). Аргентинскиот стручњак го направи тоа на дуелот на Атлетико Мадрид на гости кај Интер во средата, во првиот меч од осминафиналето сезонава, со што му се приклучи на елитен клуб тренери со најмалку 100 натпревари во Лигата на шампионите. На оваа листа води Карло Анчелоти, актуелниот тренер на Реал Мадрид, со 198 натпревари, а потоа следуваат Алекс Фергусон со 190, Арсен Венгер со 178, Пеп Гвардиола со 166, Жозе Мурињо со 145, Мирчеа Луческу со 115 и Симеоне, Масимилијано Алегри и Јирген Клоп со по 100 меча, пишува УЕФА. Н.М.
ФУДБАЛ – ОСМИНАФИНАЛЕ НА ЛШ, ПРВИ МЕЧЕВИ
Носителите забележаа по две победи и ремија и четири пораза
Првопласираните во групите, тимовите што беа носители пред ждрепката за осминафиналето, остварија по две победи и ремија и четири пораза (2-2-4) во првите мечеви од осминафиналето на Лигата на шампионите. Во минатата сезона, на пример, првопласираните по првите мечеви во осминафиналето имаа четири победи, едно реми и три пораза (4-1-3), една сезона пред тоа 2-4-2, во сезоната 2020/2021 остварија 7-0-1, во сезоната 2019/2020 забележаа 3-1-4, една сезона пред тоа 3-2-3, а во сезоната 2017/2018 имаа две победи и по три ремија и пораза. Н.М.
ЛШ, ОСМИНАФИНАЛЕ
Копенхаген – Манчестер С. 1-3
Лајпциг – Реал Мадрид 0-1
ПСЖ – Сосиедад 2-0
Лацио – Баерн 1-0
Интер – Атлетико М. 1-0
ПСВ – Борусија Д. 1-1
Порто – Арсенал 1-0
Наполи – Барселона 1-1
реваншите се од 5 до 13 март