Фото: ЕПА

Извлекувањето на двојките (од 12 часот) ќе биде без ограничувања, што значи дека меѓу себе ќе може да играат тимови од иста земја и екипи што сезонава веќе играле меѓу себе во групната фаза

ФУДБАЛ – ДЕНЕСКА ЖДРЕПКА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Меѓу осумте најдобри клуба сезонава во Лигата на шампионите (ЛШ) се клубови од четири земји и сите досега или биле европски прваци или играле во финале на најсилното европско клупско фудбалско натпреварување.
Извлекувањето на двојките за четврт-финалето во сите три европски фудбалски купа (синоќа се играа реваншите од осминафиналињата во Лига Европа и во Конференциската лига), закажано за денеска (од 12 часот), ќе биде без ограничувања, што значи дека меѓу себе ќе може да играат клубови од иста земја или екипи што сезонава веќе се сретнале меѓу себе во групната фаза на трите натпреварувања. Денеска ќе биде влечена ждрепката и за полуфиналињата.
Пари сен Жермен (Франција), Атлетико Мадрид (Шпанија) и Арсенал (Англија) ќе играат за својата прва титула во Лигата на шампионите, а сите три клуба досега настапиле во финалиња на тоа натпреварување (порано со име Куп на шампионите), и тоа Атлетико Мадрид во 1974, 2014 и 2016 година, Арсенал во 2006 година и Пари сен Жермен во 2020 година. Актуелниот првак Манчестер сити (Англија) ќе игра за одбрана на трофејот, а и Борусија Дортмунд (Германија) за својот втор пехар во ЛШ, Барселона (Шпанија) за да се израмни со Баерн (Германија) и со Ливерпул (Англија) на третото место на листата со победници во Лигата на шампионите, со по шест, Баерн за да се израмни со Милан (Италија) на второто место, со по седум, а Реал Мадрид (Шпанија) за зголемување на рекордниот број европски титули, на 15. Н.М.


ЧЕТВРТФИНАЛИСТИ ВО ЛШ

Пари сен Жермен Франција
Манчестер сити Англија
Арсенал Англија
Борусија Дортмунд Германија
Баерн Германија
Реал Мадрид Шпанија
Барселона Шпанија
Атлетико Мадрид Шпанија