Фото: ЕПА

Тренерот на Атлетико помина две години во Интер како фудбалер, освојувајќи го Купот на УЕФА во 1998 година. Како да не е доволно тоа емотивно враќање, овој прв натпревар утре на Атлетико со Интер сезонава ќе биде стоти меч за Симеоне во ЛШ како тренер, што ќе го направи деветтиот тренер што стигнал до таа бројка. Сепак, и Интер ќе гледа на сопствената историја, откако актуелниот европски вицешампион досега постигна вкупно 298 гола во Лигата на шампиони (вклучувајќи ги квалификациите)

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ОСМИНАФИНАЛЕ

Прекрасните нови дуели неделава, во осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), го вклучуваат мечот на Интер дома со Атлетико Мадрид. Диего Симеоне ќе биде во центарот на вниманието кога ќе се врати во Интер и на стадионот „Сан Сиро“, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). Тренерот на Атлетико помина две години во Интер како фудбалер, освојувајќи го Купот на УЕФА во 1998 година. Како да не е доволно тоа емотивно враќање, овој прв меч ќе биде стоти за Симеоне во ЛШ како тренер, што ќе го направи деветтиот тренер што стигнал до таа бројка. Сепак, италијанската екипа ќе гледа на сопствената историја во вторник. Актуелниот европски вицешампион досега постигна вкупно 298 гола во ЛШ (вклучувајќи ги квалификациите).
Досега беше одлична сезона за ПСВ Ајндховен, со пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите првпат по сезоната 2015/2016 и му недостигаше само еден натпревар за да стане првиот холандски тим што започнал сезона во највисок ранг со 18 последователни првенствени победи. Избраниците на Петер Бос се непоразени дома сезонава и загубија само три од нивните претходни 16 натпревари во клупските натпреварувања на УЕФА.
Сепак, и гостите се во одлична форма, ремито со ПСЖ во 6. коло го потврди нивниот напредок во осминафиналето, со што ја почнаа серијата од осум натпревари без пораз пред нивното патување во Волфсбург во саботата. Тренерот Един Терзиќ, исто така, ги засили своите редови со Џејдон Санчо, а Иан Маатсен беше избран за дебитант на месецот во Бундеслигата во јануари.
Порто го совлада Арсенал преполн со ѕвезди во првиот натпревар во оваа фаза во 2010 година, благодарение и на Радамел Фалкао. Порто има напаѓач во слична форма и овој пат во Еванилсон. Погодувајќи четири пати во натпреварите од групната фаза против Антверпен, напаѓачот ја почна 2024 година со осум гола во претходните шест меча пред саботата. Арсенал е во нокаут-фазата од Лигата на шампионите првпат по сезоната 2016/2017.
Во минатата недела се одиграа првите четири дуела од осминафиналето, и тоа ПСЖ – Сосиедад 2-0, Лацио – Баерн 1-0, Копенхаген – Манчестер сити 1-3 и Лајпциг – Реал Мадрид 0-1. Реваншите се во март. Н.М.


ЛШ, ОСМИНАФИНАЛЕ

УТРЕ
Интер – Атлетико Мадрид 21 ч.
ПСВ – Борусија Дортмунд 21 ч.
СРЕДА
Порто – Арсенал 21 ч.
Наполи – Барселона 21 ч.

ИГРАА ВО МИНАТАТА НЕДЕЛА
ПСЖ – Сосиедад 2-0
Лацио – Баерн 1-0
Копенхаген – Манчестер с. 1-3
Лајпциг – Реал Мадрид 0-1