Фото: ФФМ

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за утрешниот натпревар со Италија во Рим, во рамки на квалификациите за Европското првенство в година.

– Секогаш очекувам успех. Не сме дојдеме како туристи, туку да извлечеме што е можно повеќе. Секој натпревар е посебна приказна за себе. И овој што не очекува утре е посебен. Сам по себе носи убавина, но и тежина. Ние сме туку да го дадеме најдоброто од нас. Сме во фаза на создавање млад тим кој ќе биде конкурентен во наредните четири-пет години. Момците кои добиваат минутажа ја оправдуваат довербата. Немаме резултатски императив, но секогаш кога настапувате за својата држава мора да дадете се од себе. Ривалот ни е од топ три во светот, ама ние покажавме дека со нив можеме да се носиме – изјави Милевски на вечерашната прес-конференција.

Натпреварот ќе биде од претпоследното коло во групата од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2024 година.

Во досегашните четири меѓусебни натпревари двете репрезентации имаат по една победа, а два натпревара завршија нерешено.

Средбата меѓу италијанската и македонската репрезентација ќе се игра утревечер во Рим со почеток во 20.45 часот.

Македонските репрезентативци вечерва тренираа на „Олимпико“ во Рим/Фото: ФФМ

Младата селекција загуби од Грузија

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година го претрпе третиот пораз во четвртиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Попладнево во дуел од групата Ц, поуспешни од македонските фудбалери беа репрезентативците на Грузија со минимални 1-0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот одигран на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје беше Саба Маматсашвили во 54. минута.

Грузијците со 10 бодови се на второто место на табелата, додека Македонија е претпоследна со три бода.