Миовски (десно) слави гол со соиграчите/Фото: Твитер-Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја продолжи гол-серијата во Премиер-лигата на Шкотска.

Новиот миленик на навивачите на Абердин постигна два гола во убедливата победа над Ливингстон од 5-0.

Миовски од пенал го отвори резултатот во 41-та минута, а потоа го постигна и четвртиот погодок за неговиот тим во 63-та минута.

Талентираниот напаѓач игра во импресивна форма од почетокот на сезоната во новиот клуб. Тој постигна вкупно пет гола за Абердин, од кои пет се во шкотското првенство.