Фото: ЕПА

Репрезентативецот на Гвинеја, покрај десетте погодока, забележа и една
асистенција во дресот на Штутгарт, а учество во двоцифрен број првенствени
голови досега сезонава има само уште Англичанецот Кејн од Баерн

СЕЗОНАВА ВО ПЕТТЕ НАЈСИЛНИ ПРВЕНСТВА ВО ЕВРОПА

Водечкиот стрелец во германската Бундеслига сезонава, Серху Гираси од Штутгарт, со 10 погодока на пет средби, во досегашниот дел од сезоната е и фудбалерот со инволвираност во најмногу голови во петте најсилни домашни првенства во Европа (Англија, Германија, Шпанија, Франција и Италија). Репрезентативецот на Гвинеја, покрај десетте првенствени погодока, забележа и една асистенција, во вкупно 17-те гола на Баер.
На оваа неофицијална листа веднаш потоа е Англичанецот Хари Кејн, кој за актуелниот германски шампион Баерн сезонава постигна седум гола и забележа три асистенции, за вкупна вклученост во 10 погодока, од 18-те на Баерн сезонава.
Норвежанецот Ерлинг Холанд, освојувач на титулите најдобар стрелец во Англија, Лигата на шампионите и во Европа за минатата сезона, во дресот на Манчестер сити во новото првенство на Англија осум пати ја затресе мрежата на противникот и еднаш асистираше до своите соиграчи (Манчестер сити досега сезонава постигна вкупно 16 гола).
По осум „поени“ имаат Нигериецот Виктор Бонифејс од Баер, со шест гола и две асистенции, и Полјакот Роберт Левандовски од Барселона, кој пет пати се запиша во листата на стрелците и оствари три асистенции (од 18-те гола на Барселона сезонава).
Потоа, со вклученост во по седум погодока се Французите Килијан Мбапе од Пари сен Жермен (седум погодока) и Оливие Жиру од Милан (четири гола и три асистенции), Холанѓанецот Чави Симонс од Лајпциг и Египќанецот Мохамед Салах од Ливерпул (двајцата со по три погодока и четири асистенции)… Н.М.


ФУДБАЛЕРИ СО УЧЕСТВА ВО НАЈМНОГУ ГОЛОВИ

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ (КЛУБ) ГОЛ. АСИ. ВК.
Серху Гираси (Штутгарт) 10 1 11
Хари Кејн (Баерн) 7 3 10
Ерлинг Холанд (Манчестер с.) 8 1 9
Виктор Бонифејс (Баер) 6 2 8
Роберт Левандовски (Барселона) 5 3 8
Килијан Мбапе (ПСЖ) 7 0 7
Оливие Жиру (Милан) 4 3 7
Чави Симонс (Лајпциг) 3 4 7
Мохамед Салах (Ливерпул) 3 4 7
неофицијална листа со фудбалери од најсилните пет
првенства во Европа