АНАЛИЗА НА „ФАЈНАНС ФУДБАЛ“

Селекторите на фудбалските репрезентации ретко кога добиваат поголемо внимание како тренерите на врвните европски клубови, но тоа ќе се смени наскоро, во ноември и во декември, за време на Светското првенство (СП) во Катар.

Дидие Дешам ќе ја предводи Франција во одбраната на титулата, против 31 друг селектор, од кои многумина ќе се обидат да го сменат на тронот. Германскиот селектор Ханси Флик, кормиларот на Англија, Герет Саутгејт, на Бразил, Тите, на Аргентина, Лионел Скалони, и на Шпанија, Луис Енрике се само некои од имињата што би можеле да ги доживеат ѕвездените мигови на 18 декември по финалето на стадионот „Лусаил“.

Повеќето од нив се добро платени за стручните способностите и за својата работа и напори. Но колку заработуваат селекторите на репрезентациите учеснички на СП во Катар? На тоа прашање се обиде да одговори „Фајнанс фудбал“, кој ја состави листа на селектори според заработката. На челната позиција се наоѓа Германецот Флик со годишна плата од 6,5 милиони евра, а веднаш зад него е Саутгејт со 5,8 милиони. Потоа следуваат Дешам (3,8 милиони), Тите (3,6), Луис ван Гал, Холандија, Херардо Мартино, Мексико (по 2,9), Скалони (2,6) итн. Л.Д.