Фото: ЕПА

Манчестер сити напредува со централен напаѓач и може да постави или да ресетира тренд за фудбалот

ФУДБАЛ

Четврт-финалето на Манчестер сити во Лигата на шампионите сезонава може да открие и како ќе се освојуваат титулите во иднина, пишува британски „Индепендент“. Беше тешко да се замисли неодамнешен меч во конкуренцијата, така дефинирана од бројот 9. Тоа не се должи само на очигледниот квалитет на Ерлинг Холанд, туку и на недостигот од таков напаѓач на другиот крај. Пеп Гвардиола и Томас Тухел се веројатно најиновативните и најкреативни тактички тренери, а и двајцата всушност го освоија ова натпреварување без соодветните деветки, пишува „Индепендент“.
Тоа отсликува како овој меч може да укаже на идната промена во играта ако таа се навраќа на своето минато. Тоа може да го навести почетокот на враќањето на центарфорот.
Деновиве се споменуваат трансфери на неколку други центарфори. Баерн очекуваше да ги обезбеди услугите на Холанд пред да замине во Сити, сега се споменува Виктор Осимен од Наполи, а клубовите ќе мора да се свртат кон ограничена но растечка листа, како Рандал Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт, Јусуфа Мукоко од Борусија Дортмунд, Еван Фергусон од Брајтон, Расмус Хојлунд од Аталанта, па дури и Рафаел Леао од Милан, пишува „Индепендент“.

Холанд е очигледно единствен, производ на неговата сопствена физичка способност и начин на размислување, и целосно се издвојува. Слично може да се каже и за Килијан Мбапе, кој може да игра како број девет, пишува „Индепендент“. Појавата на двајцата следни најдобри играчи во светот што пристигнуваат на таа позиција, сепак, може да помогне во најавувањето на промените, а развојот на оваа релативно различна група напаѓачи само ќе ги унапреди, бидејќи голем број младински академии сега многу размислуваат за тоа како да се тренира бројот девет. Постои зголемен интерес за тоа како да се усовршат нивните високоинстинктивни способности, спротивно на хомогеното производство на играчи од средниот ред и креатори, пишува „Индепендент“. Голем дел од второто е дефиниран од Гвардиола, така што би ги довел работите во полн круг доколку тој исто така сака да најави големо враќање на деветките. Ова е она што Холанд може да го направи.
Тоа може да постави, или да ресетира, тренд за фудбалот. Н.М.