ФУДБАЛ

Познати се четвртфиналните двојки закажани за викендов на 17-от Голд-куп, фудбалското првенство на Северна Америка, што се игра во САД и во Канада, чии репрезентации ќе играат за пласман во полуфиналето. Победникот од таа средба потоа ќе се сретне со победникот од натпреварот Панама – Катар, во мечот за пласман во финалето.

Репрезентацијата на САД е актуелен континентален првак откако славеше на првенството во 2021 година, кога ја освои седмата титула (Мексико има осум, а Канада една). Другите четвртфинални двојки на годинашниот шампионат се Гватемала – Јамајка и Мексико – Костарика.