ФУДБАЛ – СП 2026, НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТОТО МЕСТО
- Репрезентацијата на Англија, која со третото место на СП 2026 го оствари најдобриот пласман на мундијалите по титулата освоена во 1966
година, ја победи Франција со 6-4
Англија го освои првиот бронзен медал на фудбалските светски првенства (СП), со победата на дуелот со Франција за трето место на годинашниот Мундијал, со 6-4, во еден од најефикасните натпревари досега на планетарните шампионати. Репрезентацијата на Англија во својата историја има една титула, освоена во 1966 година, и годинашното трето место е најголем успех по освојувањето на тој трофеј.
Ова беше првиот натпревар на светските фудбалски првенства на кој беа постигнати барем 10 гола, по победата на Унгарија на мечто со Салвадор со 10-1 на СП во 1982 година и првиот толку ефикасен натпревар од нокаут-фаза, по победата на Австрија на мечот со Швајцарија, со 7-5, на СП во 1954 година, пишува „Би-би-си“. Вкупно на светските шампионати имало шест меча со двоцифрен број голови.
Репрезентацијата на Англија првпат постигна четири погодока во прво полувреме во натпревар од нокаут-фаза на светските првенства, а вторпат вкупно, по мечот од групната фаза на планетарното првенство одиграно во 2018 година, на дуелот со селекцијата на Панама (Англија водеше со 5-0), пишува „Би-би-си“.
Букајо Сака стана само вториот фудбалски репрезентативец на Англија што постигнал хет-трик во нокаут-натпревар на светско првенство, по трите гола на Џеф Харст во финалето на Мундијалот во 1966 година, пишува „Би-би-си“. На оваа средба за бронзениот медал на СП 2026 два гола постигна Килијан Мбапе (Франција), кој со тоа изби на првото место на листата на стрелците, со два гола повеќе од Лионел Меси (Аргентина), кој синоќа играше во финалето на СП 2026.
Синоќа на програмата беше и финалето на СП 2026, натпреварот за титулата светски првак, помеѓу Шпанија (актуелен европски првак) и Аргентина (актуелен светски и јужноамерикански шампион), во Њу Џерси (САД). Н.М.
Натпревари со најмногу голови на СП
СП 1954 Австрија – Швајцарија 7-5
СП 1938 Бразил – Полска 6-5
СП 1954 Унгарија З. Германија 8-3
СП 1982 Унгарија – Салвадор 10-1
СП 1958 Франција – Парагвај 7-3
СП 2026 Англија – Франција 6-4
Извор: „Би-би-си“
































