Фото: Фејсбук/Официјална страница на ФК Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски беше стрелец во триумфот на Абердин против шкотскиот великан Глазгов ренџерс од 2-0. Тој го постави конечниот резултат во 57. минута, откако неговиот соиграч Лијам Скејлс го отвори резултатот.

Македонскиот напаѓач сезонава е меѓу водечките стрелци во Шкотска со 16 првенствени гола, а има и две асистенции.

Абердин по оваа победа се наоѓа на третата позиција на табелата во првенството на Шкотска со 53 бода, а Глазгов ренџерс е место погоре со 79. На врвот е Селтик.