Фото: ЕПА

Во финалето, клубот од Севилја ќе игра против лондонски Челси

ФУДБАЛ – КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА

Шпанскиот прволигаш Бетис од Севилја до своето прво европско финале, во 117-те години од своето постење, стигна откако во Фиренца го елиминира италијанскиот прволигаш Фиорентина во рамките на Конференциската лига. Во финалето, Бетис ќе игра против лондонски Челси. Фиорентина, пак, ја пропушти можноста да стигне до своето трето финале во ова исто натпреварување, откако во 2022 и 2023 година ги загуби финалните дуели. Бетис го обезбеди пласманот на гостински терен дури во продолжението (2-2), откако резултатот и дома и на гости во регуларниот дел беше идентичен, 2-1.
Бетис поведе во Фиренца со голот на Антони во 30-та минута, а Фиорентина направи пресврт преку двојниот стрелец Робин Госенс во 34-та и 42-та минута. Со тој резултат заврши првото полувреме од натпреварот, па се играа продолженија. Израмнувачкиот и наедно одлучувачки гол за Бетис го постигна Абде Езалзули во 97-та минута. Финалето на Конференциската лига ќе се игра на 28 мај во Вроцлав (Полска).
Фудбалерите на Челси, пак, се пласираа во финалето на Конференциската лига, откако го победија Ѓургарден со 1-0 во реваншот од полуфиналето на домашен терен во Лондон. Единствениот гол на „Стемфорд бриџ“ го постигна Кирнан Дјусбери-Хол во 38-та минута. Во првиот натпревар во Шведска, Челзи победи со 4-1. Г.И.


Конференциска лига, полуфинале

Челси – Ѓургарден 1-0 (4-1)
Фиорентина – Бетис 2-2 (1-2)
Финале: Бетис – Челси, 28 мај, Вроцлав

(во заграда се резултатите од првиот меч)