Фото: ЕПА

Претседателот на ИОК вели дека само 15 земји на три континенти моментно ги исполнуваат критериумите да имаат најмалку 80 отсто од терените за спортови на снег и „климатски доверлив“ изглед за домаќини на настани во идните децении, пишува АП

Повикувајќи се на загриженоста за ефектите од климатските промени, Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) во петокот рече дека сака во јули в година да избере два града домаќини на Зимските олимписки игри (ЗОИ), пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Претседателот на ИОК, Томас Бах, рече дека олимпиското тело има цел да ги потврди домаќините и за зимските олимписки игри во 2030 и во 2034 година на состанокот во пресрет на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз в година.
Шведска, Швајцарија и Франција работеа на можните понуди за изданието во 2030 година, а претставниците на Солт Лејк Сити (САД) веќе долго време целеа на 2034 година, пишува АП.
Предлогот за двојно одредување домаќини од извршниот одбор на ИОК треба да биде одобрен од сите членови на годишниот состанок на олимпиското тело. ИОК има опаѓачки опции за домаќини на ЗОИ.
Бах вели дека само 15 земји на три континенти моментно ги исполнуваат критериумите да имаат најмалку 80 отсто од терените за спортови на снег и „климатски доверлив“ изглед за домаќини на настани во идните децении, пишува АП.
– Треба многу брзо да се справиме со ова драматично влијание на климатските промени врз зимските спортови. До 2040 година остануваат практично само 10 земји што би можеле да бидат домаќини на овие снежни настани – рече Бах.
Веројатно долгорочен проект за ИОК е да одлучи за политика на ротација на мал број редовни домаќини на ЗОИ, пишува АП. Н.М.