Фото: Фудбалска федерација на Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено против Молдавија 1-1, во пријателскиот натпревар одигран попладнево на стадионот „Мардан“ во Анталија, Турција.

Ова беше четвртиот меѓусбен натпревар на овие две селекции кој заврши без победник.

Бојан Миовски во 45. минута го постигна голот за водство на македонската репрезентација. На погодокот на Миовски му претходеше удар на капитенот Енис Барди, удар кој голманот на Молдавија го одби до Миовски. Молдавија израмни со атрактивен гол со „ножички“ на Витали Дамашкан во 83. минута.

Следниот тест на „црвено-жолтите“ е дуелот против Црна Гора в понеделник полладне, исто така во Анталија.