Финалето на Лигата на шампионите (ЛШ) во фудбал во иднина може да се игра и надвор од Европа, но тоа нема да се случи пред Европското првенство (ЕП) во 2024 година во Германија, објави агенцијата Асошиејтед прес (АП), повикувајќи се на извори во Европската фудбалска унија (УЕФА).

Американскиот портал „Морнинг консултанс“ објави дека маркетинг-агенцијата на УЕФА разговарала со потенцијалните маркетиншки партнери финалето во 2024 година да се игра во САД, на стадионот „Мет лајф“ во Њу Џерси, пишува АП. Челниците на УЕФА во 2016 година првпат отворено проговорија за можностите финалето на ЛШ да се игра надвор од Европа.

Шпанската радиодифузија минатата година објави дека УЕФА ја испитува можноста финалето на ЛШ во 2021 година да се игра во САД. Тоа тврдење беше демантирано од УЕФА, која одлучи тој меч да се игра во Санкт Петербург, Русија. Познати се и домаќините на финалето во ЛШ во наредните четири години. В година тоа треба да се игра во Истанбул, потоа во Санкт Петербург во 2021-та, во Минхен во 2022 година и на стадионот „Вембли“ во Лондон во 2023 година, пишува АП.