Шпанскиот клуб Валенсија му оддаде совршена почит на својот навивач, Висенте Апарисио, кој иако беше слеп го обновуваше сезонскиот билет, поставувајќи негова статуа на „Местелја“.

Апарисио ослепел во своите 50-ти години, но тоа не го спречило да биде на секој домашен меч на „Ел Че“, и го обновуваше сезонскиот билет од 1994 до пред две години кога починал. Валенсија реши да го отстрани неговото старо седиште – бројот 164 во 15-тиот ред на централната трибина, и да го пополни местото со негова статуа.

Неговиот син ја посети „Месталја“ и се фотографираше на местото на статуата на неговиот татко.

-Мечот против Карслруе во 1993 година беше последен кој го гледаше на телевизија и потоа тој реши дека ќе оди на сите мечеви на „Месталја“ за да ја почувствува атмосферата. Уживаше, а јас му кажував што се случува на теренот. Во 2004 година кога Валенсија го освои УЕФА купот и Ла лига беше најсреќната година во неговиот живот- изјави неговиот син.