Фаик Болкијах (22) дојде во Лестер во 2016 година, меѓутоа не успеа да одигра ни еден натпревар во англиското првенство за сениорскиот тим
Фудбалскиот репрезентативец на Брунеи, Фаик Болкијах (22), остана без клуб, откако му заврши договорот со премиерлигашот Лестер. Болкијах дојде во Лестер во 2016 година, меѓутоа не успеа да одигра ни еден натпревар во англиското првенство иако редовно настапуваше за младата екипа на лисиците.

Фаик, кој е роден во Лос Анџелес (САД), пред да дојде во Лестер играше за младите екипи на Саутемптон и на Челси. Оваа вест и не би била толку изненадувачка, ако не се знае податокот дека Болкијах е најбогатиот фудбалер во светот. Тој, всушност, е принц на Брунеи и внук на султанот на таа држава, Хасанал Болкијах, а неговото богатство се проценува на повеќе од 20 милијарди долари.

Како споредба колку е големо неговото богатство, следниот на оваа листа на најбогати фудбалери е Португалецот Кристијано Роналдо, кој „тежи“ околу 470 милиони евра, односно 50 милиони долари повеќе од Аргентинецот Лионел Меси.
Останува да се види дали младиот Болкијах ќе го продолжи договорот со Лестер или ќе замине во друг клуб, каде што ќе има можност и да заигра за сениорскиот состав.