Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги изрази загриженост поради отсуството на Иско Аларкон, кој ќе биде надвор од игра следниот месец, откако беше подложен на операција.
 
– Се надевам дека Иско ќе може брзо да се опорави. За жал, секое отсуство на играч поради повреда е лоша вест за нас. Сепак имам целосна доверба во составот. Немав можност да разговарам со Иско. Се надевам дека тој брзо ќе може да се врати во форма – изјави тренерот на Реал Мадрид пред вечерашниот дуел со Севиља.
 
Тој изјави дека претстојната недела е многу тешка и „одлучувачка“ за Реал Мадрид и дека ќе направи некои ротации за денешниот меч.
 
– Севиља е добар тим, кој располага со фудбалери кои се приспособија кон системот и начинот на игра на Мачин. Очекувам многу голем натпревар против многу силен ривал – вели поранешниот селектор на Шпанија.
 
Запрашан за ВАР, стратегот на „кралскиот“ клуб смета дека тој несомнено им помага на судиите во донесувањето одлуки. 
 
– Се разбира, постојат различни ставови за темата, бидејќи не постои перфекционизам – додаде тој.