До неодамна, првиот на табелата во фудбалската лига на Австрија, ЛАСК од Линц, е драстично казнет со одземање 12 бода, како и 75.000 евра. Ваквата висока казна на познатиот австриски прволигаш е последица на тимското тренирање пред дозволениот термин.

Кривичниот совет на австриската Бундес-лига во образложение за донесената одлука наведе дека клубот постапил спротивно на основниот принцип на фер игра. Имено, пред неколку недели ЛАСК одржал тимска обука, но во време кога било дозволено само тренинг по групи и со соодветна оддалеченост поради мерките за борба против ширењето на коронавирусот.

Видеоснимката од тренингот на ЛАСК пред дозволениот период стигнал и до јавноста, а сите клубови во тамошната најквалитетна лига побараа строга казна за неспортско однесување, како и стекнување нелегална предност во подготовките.
Со одземање на 12-те бода, ЛАКС на 10 кола пред крајот на првенството падна на втората позиција на табелата зад Салцбург. Со оваа казна ЛАСК сега е во негатива од три бода од првиот. ЛАСК најави жалба против одлуката на Кривичниот совет во тамошната Бундес-лига.