Германија ќе игра против Англија во осминафиналето

Англија – Германија и Португалија – Белгија се најзвучните дуели во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) во фудбал.

Сите двојки од осминафиналето се познати откако вечерва заврши групната фаза со мечевите во групата Ф помеѓу Унгарија и Германија, односно Франција и Португалија, кои завршија со идентични 2-2.

Утре и задутре има пауза на ЕП. Осминафиналето се игра на 26, 27, 28 и на 29 јуни со по два меча дневно.

Осминафинални двојки

Велс – Данска
Италија – Австрија
Холандија – Чешка
Белгија – Португалија
Хрватска – Шпанија
Франција – Швајцарија
Англија – Германија
Шведска – Украина