ФУДБАЛ – ЛИГА НА НАЦИИ

Продажбата на билети за финалниот турнир на Лигата на нации (ЛН) за 2021 година во Милано и во Торино почна вчера исклучиво на интернет-страницата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и ќе трае до продажбата на сите билети, информира УЕФА. Италијанските власти го потврдија капацитетот на стадионите од најмалку 50 отсто за турнирот со четири натпревари, од 6 до 10 октомври, а секоја од четирите репрезентации, Италија, Шпанија, Белгија и Франција, доби по 3.000 билети, пишува УЕФА.
Цените на влезниците за првиот меч, на 6 октомври, помеѓу Италија и Шпанија во Милано (од 20.45 часот), се од 10 до 70 евра, а за дуелот на 7 октомври, Белгија – Франција во Торино (20.45 ч.), од 10 до 40 евра. Натпреварот за третото место е на 10 октомври (Торино, 15 ч., влезници од 10 до 40 евра), а финалето е истиот ден (Милано, 20.45 ч., со билети од 10 до 70 евра).
Италија, Шпанија, Белгија и Франција победија во групната фаза на ЛН во лига А и така се пласираа на фајналфор-турнирот на второто издание на ЛН. Полуфиналните дуели се репризи на полуфиналињата на Светското првенство во 2018 година (Белгија – Франција) и на Европското првенство годинава (Италија – Шпанија). Во првата сезона на ЛН победи Португалија.