Со денешната жрепка во Истанбул (Турција) каде ќе се игра и финалето од Лигата на шампиони (ЛШ) на 10 јуни 2023 година, се формираа сите осум квалификациски групи, со по четири екипи.

Натпреварите од групната фаза ќе се играат од 6 септември до 2 ноември. Периодот е скратен поради Светското првенство во Катар.

Меѓу 32 екипи учеснички во групната фаза од ЛШ, Македонија има тројца свои претставници Елиф Елмас, Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Наполи на Елмас доби место во групата „А“ заедно со Ајакс, ланскиот финалист Ливерпул и шкотскиот Ренџерс, а Динамо Загреб на Адеми и Ристовски ќе играат во групата „Е“ заедно со Милан, Челси и Салцбург.

Шпанците, Англичаните и Италијанците имаат по четири претставници во групите на ЛШ, Португалците три, а Французите и Шкотланѓаните по два.
Титулата ќе ја брани Реал Мадрид кој минатата сезона го подобри веќе убедливиот рекорд на 14 европски трофеи.

Асистенти на ждрепката беа легендарните фудбалери Хамил Алтинтоп и Јаја Туре, а пред стартот на жрепката, првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин на италијанскиот стручњак Ариго Саки му ја додели „Претседателската Награда“.

Како една од најинтересните групи може да се издвои групата „Ц“ во која има три гиганти Баерн Минхен, Барселона и Интер.

ЛШГ ГРУПИ – СЕЗОНА 2022/23

ГРУПА „А“

Ајакс
Ливерпул
Наполи
Ренџерс

ГРУПА „Б“

Порто
Атлетико Мадрид
Баер Леверкузен
Клуб Бриж

ГРУПА „Ц“

Баерн Минхен
Барселона
Интер
Викторија Плзен

ГРУПА „Д“

Ајнтрахт Франкфурт
Тотенхем
Спортинг
Олимпик Марсеј

ГРУПА „Е“

Милан
Челси
Салцбург
Динамо Загреб

ГРУПА „Ф“

Реал Мадрид
Лајпциг
Шахтјор Доњецк
Селтик

ГРУПА „Г“

Манчестер сити
Севиља
Борусија Дортмунд
ФК Копенхаген

ГРУПА „Х“

ПСЖ
Јувентус
Бенфика
Макаби Хаифа