ВМ Трајко Недев
 

Македонската машка репрезентација (2.514 просечен рејтинг, рангирана 43-та), одигра без победник (2-2) против соодветнта селекцијата на Куба (2.555, рангирана 33-та), додека македонската женска репрезнтација (2.039 просечен рејтинг, рангирани 58-ма), загуби од Швајцарија (2.193, рангирана 39-та), во рамките на 10-то, претпоследно коло на 43. Шаховска олимпијада (ШО), која се одржува во Батуми, Грузија. Со тоа и двете селекции ги загубија шансите за висок пласман.

Кај мажите, единствено победи на првата табла ВМ Кирил Георгиев, кој го матираше својот противник. Загуби ВМ Владимир Георгиев на втората, додека ИМ Филип Панчевски и ВМ Трајко Недев ремизира на третата, односно четвртата табла, иако Недев во еден момент имаше изгледна позиција за цел поен.

Кај македонските шахистки пак, ремизираа ЖФМ Моника Стојковска и Катерина Петровска на втората, односно четвртата табла, додека загубија Бојана Бејатовиќ на првата и Драгана Николовска на третата табла.

Пред утрешното, последно 11-то коло, мажите, кои сега се на 47-то место со 12 бода (пет победи, две ремија и три порзи), односно 23 поени по табли, ќе играт против Турција (рангирана 33-та), додека дамите, кои се на 56-то место со 11 бода (пет победи, едно реми и четири порази) и 22,5 поени по табли, ќе се сретнат со Индонезија (рангирана 47-та),

Кај мажите, дотогаш водечката Полска го дивеа првиот порз на ШО од Кина со 1-3, додека со победата над Ерменија со 2,5-1,5, САД повторно се на врвот на табелата, заедно со Кина со по 17 поени. Следат Полска, Франција и Русија со по 16. Кај шахистките, првите седум дуели завршија во ова коло завршиј со 2-2 (!), а и понатаму води актуелниот олимписки првак Кина со 17 бода, пред Украина, САД и Ерменија со по 16, додека Русија има 15.

МАКЕДОНИЈА – КУБА  2-2

ВМ К. Георгиев (2.590) – ВМ Бакалао (2.588) 1-0 (40. потег)

ВМ В. Георгиев (2.479) – ВМ Гонзалез (2.566) 0-1 (36)

ИМ Панчевски (2.489) – ВН Алмеида (2.540)  реми  (46)

ВН Недев (2.496) – ВМ Куезада (2.523)  реми  (58)

ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА  3-1

ЖФМ Георгеску (2.195) – Бејатовиќ (2.1)  1-0  (48)

ЖВМ Милер-Сепс (2.230) – ЖФМ Стојковска (2.106)  реми  (34)

ЖИМ Хајнитц (2.170) – Николовска (1.856)  1-0  (28)

ЖФМ Стоери (2.118 Петровска (1.966)  реми  (55)

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ – МАЖИ

Кина – Полска 3-10

Ерменија – САД 1,5-2,5

Русија – Англија 2,5-1,5

Фрнција – Хрватска 2,5-1,5

Виетнам – Германија 2-2

Азербејџан – Украина 1,5-2,5

Италија – Русија 1-3

Холандија – Индија 1,5-2,5

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ – ЖЕНИ

Кина – САД 2-2

Укарина – Русија 2-2

Азербејџан – Ерменија 2-2

Виетнам – Унгарија 2-2

Шпанија – Казахстан 2-2

Грузија – Чешка 2-2

Белорусија – Словенија 2-2

Г.И.