ФИФА ја објави својата прва глобална стратегија за фудбалот за жени, за да го развие целиот потенцијал што постои во фудбалот за жени.

– Како прва жена генерален секретар на ФИФА горда сум што ја објавувам оваа стратегија. Фудбалот за жени е врвен приоритет на ФИФА. Ќе работиме заедно, за да го зголемиме учеството во најмалите категории, комерцијалната вредност на фудбалот за жени и да ги засилиме темелите – рече Фатма Самура.