Здрава храна
Појадокот се смета за најважен оброк во денот, но некои од вашите омилени намирници може да предизвикаат надуеност. Најмногу проблеми предизвикуваат јадењата што содржат многу натриум (во сол), шеќер или преработена храна.
Оттука, гранолата е одлично јадење за појадок, доколку ја направите сами. Сепак, индустриски подготвената гранола или муслите често содржат додаден шеќер и масти. Ако имате чувствителен стомак, ќе ви биде тешко да сварите некои од јаткастите плодови, кои често се вклучени во гранолата. Кашестиот сок исто така е добра опција. Ако направите кашест сок од свеж зеленчук, како спанаќ или целер, ќе добиете многу тешко сварливи влакна. Наместо тоа, сварете зеленчук на пареа.
Од друга страна, на многумина овесната каша им предизвикува гасови. Повторно, многу влакна доведуваат до проблеми, а уште поголеми проблеми предизвикува сувото овошје, а многу луѓе го додаваат. Истото важи и за толку популарното чиа-семе. Лиснатото тесто, кифличките, питите и другите печива не се добар избор за појадок, бидејќи не содржат влакна. Рафинираниот шеќер, индустриските масти и адитиви може да предизвикаат надуеност и гасови. Истото важи и за сланината, шунката и саламата, кои се обилно зачинети со сол што ја врзува водата, па стомакот, нозете и рацете отекуваат. Заситените масти предизвикуваат воспалителни процеси, кои го напаѓаат и цревниот тракт.
Здравиот појадок треба да ви даде енергија без да предизвика надуеност и гасови. Подгответе изматени јајца или тврдо варени јајца, додадете малку сварен спанаќ, свежи домати и пиперки и киноа.