Здрава храна
Осум пијалаци што можеби не ги знаете се природни диуретици и имаат неверојатно моќна функција во чистењето на организмот. Со нивна помош, меѓу другото, се забрзува метаболизмот и се отстранува чувството на надуеност и замор.
Сок од домати: Доматот е одличен диуретик, со оглед на тоа што содржи голем дел вода. Богат е со каротин, антиоксиданти ликопен и витамин Ц, кои поволно влијаат на отстранување на насобраните токсини и вода.
Чај од глуварче: Пиењето на овој чај им помага на бубрезите да го исфрлат вишокот вода и сол, а исто така е добар извор на калиум, кој е еден од најважните минерали во телото. Го намалува воспалението, го зајакнува имунитетот, има само 40 калории: Овој цветен прав мора да го пробате!
Краставица: Богата е со сулфур, а со тоа ги зголемува лачењето на уричната киселина и ослободувањето на токсините од телото. Нејзиното консумирање го поттикнува и исфрлањето на мастите од телото. Ставете неколку парчиња краставица во чаша вода, почекајте неколку часа и консумирајте го тој пијалак за да ги исфрлите сите токсини од телото.
Магдонос: Чајот од магдонос ја поттикнува работата на бубрезите и на тој начин придонесува за исфрлање на вишокот течности од телото.
Брусница: Брусницата, според многумина, е еден од најдобрите и најефикасни диуретици.
Увин чај: Овој чај е популарен лек за болести на уринарниот тракт. Дополнително, има антимикробно и диуретично дејство врз телото, што го става на оваа листа на природни прочистувачи на телото.
Зелен чај: Помага за мала детоксикација на телото.
Јаболков оцет: Додајте две лажичиња јаболков оцет во чаша вода и пијте го овој пијалак трипати на ден за да ги исфрлите сите насобрани токсини.