Печурките се многу корисни бидејќи позитивно влијаат на здравјето поради нивната хранлива вредност.
– Печурките се богати со витамин Д, кој е исклучително корисен. Недостигот од на овој витамин е поврзан со замор, нарушено здравје на коските, намалена функција на имунолошкиот систем и зголемен ризик од хронични болести, вклучувајќи и одредени видови рак – вели нутриционистката Никол Стефану.
Истражувањето објавено во стручното списание „Фуд сајенс енд нутришн“ покажа дека со редовно консумирање печурки внесувате доволно количество микронутриенти во организмот без да ги зголемите калориите, мастите или натриумот. Печурките се богати со селен, хранлива материја што има антиоксидантни својства што помагаат да се намали секаков вид воспаление. Добро влијаат и на работата на цревата, односно на дигестивниот систем.
– Многу студии покажаа дека печурките дејствуваат како пробиотици. Не само што го подобруваат варењето туку можат да бидат корисни и за луѓето со дијабетес. Имено, печурките имаат способност да менуваат одредени цревни бактерии и на тој начин ослободуваат инсулин од бета-клетките на панкреасот – додаде таа.
Луѓето што јадат печурки имаат помала веројатност да страдаат од депресија. Истражувачите го припишуваат ова на многуте биоактивни соединенија во печурките, вклучувајќи и витамин Б12 и антиоксиданси.