Фото: Пиксабеј

Техно

Луѓето минатата година фрлиле 481,6 милијарда пластични шишиња во светот, создавајќи планини од отпад во огромни размери. Во исто време, повеќе од милијарда луѓе немаат каде да живеат. Еј Џеј Перез, кој е експерт за 3Д-печатење, верува дека огромната маса пластичен отпад може да стане добра основа за изградба на куќи. Тој смислил начин како да ги претвори рециклираните шишиња во евтини градежни материјали за домови што би можеле да се печатат со 3Д-печатач.
На Универзитетот во Кембриџ успеале да состават уред што работи на соларна енергија, кој пластичниот отпад и собраниот јаглероден диоксид од воздухот ги претвора во одржливи горива и други вредни хемиски производи. За време на експериментите, јаглеродниот диоксид бил претворен во синтетички гас, витална компонента за еколошки течни горива, додека пластичните шишиња биле претворени во гликолна киселина, која се користи во козметичкиот сектор.