Техно
Понекогаш килограмите не се единствената информација што сакате да ја знаете. Затоа постои т.н. паметна вага, која се поврзува со вашиот паметен телефон преку блутут. Покрај тежината, оваа вага, меѓу другото, ги прикажува и метаболизмот, телесните масти, БМИ, вкупниот процент на маснотии, мускулната маса и количеството вода и протеини во телото. Постојат повеќе модели на паметни ваги на пазарот што ќе ви „завршат работа“. Паметните ваги се многу достапни и нудат модерен дизајн, прецизни сензори и интуитивна апликација за вашиот телефон. Апликацијата е наречена Зеп лајф (поранешен МиФит) и нуди увид во сите корисни параметри, како и зачувување на целата ваша историја на внесување храна.
Меѓу новите технологии поврзани со здравиот живот е и фитнес-нараквицата или паметниот часовник. Фитнес-нараквиците и паметните часовници ќе ги квантифицираат вашите активности. Освен што можат да го мерат квалитетот на вашиот сон, да прикажуваат известувања што пристигнуваат на телефонот и да прикажуваат корисни податоци, овие уреди ги следат и вашите активности и ве поттикнуваат да се движите повеќе. Со уредите за носење на рака, првично можете да го измерите бројот на чекори што сте ги направиле и да се натпреварувате со другите корисници преку различни апликации. Бидејќи моделите доаѓаат во различни форми и по различни цени, сè што можеме да ве советуваме е да барате модели што ви се допаѓаат и што имаат Џи-пи-ес следење за уште попрецизно да ги следите вашите движења.
Може да најдете и паметни часовници што можат да се поврзат со блутут-слушалки и да пуштаат музика, што нè доведува до последната ставка – слушалките! Нема потреба да се досадувате за време на физичките активности. Ставете ги слушалките, вклучете ги омилената музика, поткаст или аудиокнига и уживајте во вашата активност. Постојат повеќе модели на слушалки од кои можете да изберете, но за физички активности ви се потребни водоотпорни модели за да не престанат да работат поради вашата пот или ненадеен дожд. Иако чинат повеќе, ви препорачуваме слушалките да бидат безжични за да имате целосна слобода во движењата, без страв дека кабелот ќе ви пречи.