Техно

Во јануари, во Јужна Кореја беше усвоен закон со кој им се дозволува на судовите да ги казнуваат директорите или високите менаџери на компании доколку работниците бидат повредени или починат на работа. Новиот закон, кој предвидува и затворски казни, ги принуди јужнокорејските компании да инвестираат во роботи и да ги заменат луѓето со нив.
Низ нашата историја, секогаш наоѓавме начини да бидеме напред. Автоматизацијата е следниот чекор во тој процес – вели Ким Јонг-рае, извршен директор на компанијата „Спифокс“.
Додека неговата ќерка Ким Хјо-џин, која е директорка во компанијата, вели дека законот е огромен проблем за бизнисот. Но тие веќе се во процес на автоматизација, па биле подготвени кога дошол новиот закон.
Компаниите поради законот бараат начин да имаат што помалку работници или воопшто да немаат.
Компаниите се движат кон намалување на човечките работници, а постои двоумење за влегување во проекти со висок ризик – вели професорот Јунг Џин-ву од Националниот универзитет за наука и технологија во Сеул.
Законот првично беше промовиран како голем чекор во борбата за правата на работниците, но компаниите, главно производители и градежни компании, не се согласуваат, тврдејќи дека префрлањето на одговорноста на лидерите е неправедно и нејасно.