Техно

Неопходно е правилно одржување за подолг рок на траење на мобилниот телефон. Една од најважните работи е да знаете како правилно да го полните, но и какви грешки да избегнувате. Ги издвојуваме најчестите грешки што ги прават луѓето со мобилните телефони, а со тоа им го намалуваат рокот на траење.
Оставање на полначот во штекер: Полначот оставен во штекер не само што доведува до повисоки сметки за струја туку е и многу опасен. Трансформаторот ослободува топлина, а акумулацијата на топлина може да доведе до пожар или краток спој во трансформаторот, што може да предизвика пожар.
Празнење на батеријата докрај и полнење до 100 проценти: Батериите во мобилните телефони се направени на база на литиум и работат во циклуси на полнење. Ако ја оставите батеријата бавно да се троши докрај, полека го уништувате вашиот уред. Исто така не треба да го полните до 100 проценти, ниту пак да го оставате телефонот на полнач подолго од тоа. Полнењето докрај всушност го скратува рокот на траење поради одреден број циклуси на полнење. Дополнително, оставањето на мобилниот телефон на полначот прекуноќ доведува до повисока сметка за струја, нарушување на циклусот на полнење и прегревање на уредот.
Користење на мобилниот телефон додека се полни: Празнењето на батеријата додека се полни многу ја оптоварува. Ако треба да направите нешто на вашиот мобилен телефон, отстранете го од полначот и кога ќе завршите, вратете го на полначот.
Користење различни полначи: Кога купувате нов мобилен телефон, со него добивате и соодветен полнач. Затоа секогаш користете го него, а не други полначи што ви се достапни. Јачината на полнење е различна за секој полнач и мобилен телефон и важно е секогаш да се полни со соодветна јачина. И секогаш е подобро да користите штекер наместо други уреди, како лаптоп, за полнење.