Техно
Американскиот инвестициски фонд Блекрок и технолошкиот гигант „Мајкрософт“ планираат заеднички фонд од 30 милијарди долари за развој на вештачка интелигенција. На овој проект тие ќе соработуваат со инвестициската компанија „Ем-џи-екс“, поддржана од Абу Даби.
Фондот Блекрок ќе се фокусира на изградба на центри за податоци и финансирање на енергетската инфраструктура за поддршка на вештачката интелигенција. Со своја експертиза во развојот на целиот проект ќе придонесат и експерти од калифорниската компанија „Енвидија“, позната по производството на најнапредните полупроводници. Центрите за податоци се градат со постојано растечка стапка низ светот, а главниот финансиски директор на австралискиот рударски гигант BHP, Вандита Пант, неодамна изјави дека трендот ќе биде глобалната побарувачка за бакар да се зголеми за 72 отсто до 2050 година.
Бакарот е клучен елемент за пренос на енергија и исто така се користи во системите за ладење и процесорите во центрите за податоци.
– Уделот на центрите за податоци во светската побарувачка за бакар денес е помалку од еден процент, но се очекува да порасне на шест-седум проценти до 2050 година – додаде Вандита Пант.