Нега и убавина
Дефинитивно е неопходно да се негуваат стапалата со креми, како и остатокот од телото, секој ден по туширање, за да се спречи сушење на кожата. Проблемот со тврди петици, односно задебелување на кожата на петицата, се појавува и на други делови од стапалото, на надворешниот раб на табаните, палецот и на перничињата на стапалото. Кожата што често се поминува со турпија исто така станува груба и екстремно сува и создава зависност од сѐ почесто отстранување на наслагите, но со многу лош ефект.
Ѕирнете во вашата кујна и искористете ги состојките што се таму за сами да направите педикир. Козметологот Пријанка Тјаги од Индија верува дека петиците пукаат поради временските промени, предолго држење на стапалата во топли бањи и премногу поминување со турпија. Таа смета дека и силните хемикалии и дехидрацијата на организмот се одговорни за овој проблем. Прва помош, според неа, е водата, која мора да ја пиете во доволни количества за да го одржувате телото хидрирано, бидејќи сувата кожа е повеќе склона кон пукање.
Друг начин на превенција е мрсна крема, која треба да се намачка на стапалата по туширање и пред спиење, а идеално би било да облечете чорапи и да ги оставите така во текот на ноќта. Наместо крем, можете да користите вазелин или кокосово масло.
Директорот на индискиот национален центар за здравје на кожата, Навин Танеја, смета дека бананата е една од намирниците што ќе ѝ ја вратат потребната влажност на кожата.
– Земете кора од банана и ставете ја на петицата, оставете ја така 15 минути и измијте ја со млака вода – советува Танеја и исто така му дава зелено светло на лимонот.
Тој вели дека редовно треба да подготвувате млаки купки со неколку капки сок од лимон и масло од јојоба, а по таквото капење нежно да ја отстраните целата сува кожа. Лимонот е блага киселина, која помага да се отстрани сувата кожа. По ваквото капење, нежно масирајте ги стапалата со глицерин и облечете памучни чорапи. Ако вашите петици се многу испукани, крвават или се сомневате на инфекција, задолжително посетете лекар.